Свет

Украина гранатира болница во ЛНР, вели Мизинцев

Шефот на рускиот Национален центар за управување со одбраната, Михаил Мизинцев, вечерва изјави дека Украина гранатирала болница во градот Страхов во самопрогласената Луганска Народна Република со помош на ракети HIMARS и дека во нападот загинале тројца цивили, а седуммина се ранети. .

Тој рече дека болницата претрпела голема штета. „Командантите на единицата на украинската армија кои го нарачале ова злосторство биле свесни дека избрале да таргетираат медицинска установа во која се лекуваат стари лица, деца и бремени жени“, рече Мизинцев, а пренесе ТАС С.

Тој ги повика Обединетите нации, Светската здравствена организација и Црвениот крст да ја осудат акцијата на Киев и да преземат мерки за да се спречат нападите врз болниците.

На почеток