Свет

Норвешка се приклучи на санкциите на ЕУ против Москва

Норвешка денеска се приклучи на санкциите на Европската унија против Москва кои беа воведени на 21 јули поради рускиот напад врз Украина.

Ова го соопшти Министерството за надворешни работи во Осло.

„Пакетот санкции усвоен од Европската унија на 21 јули е вметнат во норвешкиот закон и денеска ќе стапи на сила во Норвешка“, се наведува во соопштението на норвешкото Министерство за надворешни работи, пренесува РИА Новости.

Норвешка не е членка на ЕУ.

На почеток