Пожар во Националниот истражувачки центар за хирургија во Москва
Од
Објавено на
Пожар избувна во Националниот истражувачки центар за хирургија Петровски во Москва и установата беше евакуирана, пренесува Тасс.
Во извештајот на руската новинска агенција, се наведува дека Националната служба за вонредни состојби потврдила дека пожарот избувнал на 11-ти кат, на површина од околу 60 метри квадратни.
Интервенцијата на пожарникарите е во тек“, потврди извор на Тасс од Министерството за вонредни состојби.