Актуелно

„Се додека трае војната, ќе бараме повеќе оружје“, вели украинскиот министер за надворешни работи

Шведската премиерка Магдалена Андерсон изјави дека Шведска ќе испрати 46,75 милиони долари дополнителна воена помош за Украина за одбрана од руска инвазија.

По приемот на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, Андерсон им рече на новинарите дека нејзината влада ќе обезбеди дополнителен пакет воена и цивилна помош за Украина во вкупна вредност од една милијарда круни.

Кулеба ја повика Шведска да и достави на Украина оружје како хаубици и гранати.

„Се додека трае војната, ќе бараме повеќе оружје. Секое евро, секој куршум, секоја граната е важно“, изјави Кулеба за новинарите.

Шведскиот премиер не откри детали за воениот пакет, но рече дека ќе биде сличен на претходната помош која вклучуваше противтенковско оружје, опрема за лична заштита и опрема за деминирање.

Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина се додека трае војната“, рече Андерсон.

Цивилниот дел од пакетот ќе вклучува купување на украинска пченица, која потоа ќе биде испратена во земјите кои се соочуваат со недостиг на храна, како и помош за зајакнување на украинската економија.

Тим нуклеарни набљудувачи на ОН во понеделникот се упати кон украинската нуклеарна централа Запорожје поради стравувањата дека новото гранатирање во близина може да доведе до истекување на радијација.

Кулеба рече дека Русија го изложува целиот свет на опасност од нуклеарна несреќа. „Сите треба да бидеме обединети во барањето едно – повлекување на Русија од нуклеарната централа Запорожје“, посочи тој.

На почеток