(ВИДЕО) Слоба Радановиќ од „Гранд“ ќе стане татко
Од
Објавено на
Пејачот од „Ѕвездите на Гранд“, Слоба Радановиќ ќе стане татко. Како пренесуваат медиумите, сопругата Јелена со која неодамна се венчаше, е во четвртиот месец од бременоста.
„Радоста е неопислива. Ја има во целото семејство. Слоба во моментов е на летна турнеја, но секој слободен момент го минува со Јелена и се обидува ништо да не ѝ недостига. Таа се чувствува одлично. Сѐ е како што треба“, рече извор за српски „Телеграф“.
За потсетување, Слоба зад себе има веќе еден брак со пејачката Кристина Коцкар, со која се раздели поради неверство, а брзо потоа продолжи со Јелена.