Магазин

(ВИДЕО) Најмалиот брат на Ѓоковиќ ја запроси девојката

Ѓорѓе Ѓоковиќ, најмалиот брат на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја побара за жена неговата девојка инфлуенсерката Сашка Веселинов. Свршувачката била на Калемегдан во Белгград, додека тие двајца биле излезени на вообичаена прошетка.

Ѓорѓе во договор со неговите блиски пријатели се договорил да направи изненадување и организирал луѓе кои ќе го снимаат моментот.

Да потсетиме, Сашка неодамна отворено зборуваше за својот живот, запознавањето на Ѓорѓе и призна дека земале нов стан и се преселиле во него.

„Неофицијално живееме заедно од првиот ден. Живеев во центар во стан под кирија и од првиот ден беше таму со мене. По дваесетина дена запознавање, отидовме заедно на море и останавме таму две недели. Кога се вративме, дојде кај мене и ми рече: „Не можам повеќе да ги носам овие работи“, бидејќи зема торба, ја полни со работи неколку дена, ми ја носи, па ја менува и слично. Потоа само рече: „Би сакал една дестинација да ни биде дом, да се вратиме во истата куќа по патувањето“. И така го започнавме нашиот заеднички живот и навистина е убаво чувството“, раскажала Сашка.

@naslovnestrane365 Ženi se Đoković! 💍😍❤️🎉🎉🎉 Đorđe Đoković, najmlađi brat Novaka Đokovića zaprosio je Sašku Veselinov #djordjokovic #saskaveselinov #djokovic #prosidba #svadba #belgrade #serbia #novakdjokovic #exklusiv ♬ Marry You – Bruno Mars

На почеток