Македонија

Од РЕК Битола со денови се гледа густ жолт-кафеав чад што е мешавина од пепел и земја, за овој екоцид некој мора да одговара, вели ВМРО-ДПМНЕ

Власта на СДС и ДУИ се фрлени на криминал и местење тендери. Затоа состојбата со РЕК Битола е во катастрофална и затоа од таму со денови се гледа густ жолт-кафеав чад што е мешавина од пепел и земја. Ова е екоцид за кој мора некој да одговара, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Власта треба да одговори дали наместо јаглен се согорува мешавина од земја и јаглен?

Дали со намера да се прикрие аматерското работење со енергетските капацитети, свесно се загрозува здравјето и животите на граѓаните во Битола и битолско?

Каде беа потрошени милионите евра кои ги најавуваа Заев и СДС со кои требаше да се реши загадувањето од РЕК?

Очигледно е дека РЕК Битола во моментот загадува, а поради недозволениот начин на работа се загрозува животната средина и амбиенталниот воздух. Молчат активистите на копче кои не така одамна беа гласни. Лагите на криминалците од власта излегуваат на виделина. Оваа антимакедонска СДС не само што решила да ја уништи Македонија, решила и да го отруе народот“, се вели во соопштението.

На почеток