Коментари

Со местени тендери душмански се црпеле милиони евра од РЕК Битола, процесот за јавни набавки со бројни неправилности, вели Милошоски

Пратеникот Антонио Милошоски пишува дека РЕК Битола бил мета на душманско крадење преку “РУД Коп дооел”, “Марковски Компани” и “Дигер доо”- Битола.

Неговото тврдење во целост:

„Држ.завод за ревизија на 11 јули 2024 објави Ревизорски извештај – Процесот на доделување на договорите за јавните набавки, кој открива големи неправилности и индиции за незаконско работење во “РЕК Битола”, со местење на тендери за фирми блиски до СДСМ.

Ревизорите констатирале декa во РЕК Битола биле спроведувани постапки со преговарање во “четири очи” без јасно дефинирани критериуми, нееднаков третман на компаниите и расипничко користење на јавните средства. Од податоците во ревизорскиот извештај и од јавно достапните податоци за јавните набавки, се откриваат компаниите миленици кои биле дел од пљачката во РЕК Битола: “РУД Коп дооел”, “Марковски Компани” и “Дигер доо”, сите од Битола.

Пример бр1.: Набавка Ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино во РЕК Битола во 2022г кога директор бил хармоникашот Пеце Матевски, а генерален директор на ЕСМ Васко Ковачевски. АД Гранит ги исполнувала сите услови од тендерската документација и имала најефтина понуда од единечна цена од 2.040 ден/м3, но била отфрлена како несоодветна понуда и бил склучен договор со една од омилените фирми на директорот, “РУД КОП дооел” по единечна цена од 2.595 ден/м3 односно во вкупна вредност од 11,5 милиони€ и дополнителен склучен анекс од 2М евра.

Пример2: Проширување и изработка на усек за раздвојување во ПК ПЈС во РЕК Битола, во оваа постапка се глумела “конкуренција” a всушност се преговорало во “четири очи” со рекордерот по склучени договори “Маркоски компани ДООЕЛ Битола”, чиј сопственик е конзул на Белорусија во Македонија. Во набавката про-форма учествувале компании кои не исполнувале услови, со задача да “глумат конкуренција”, со цел да остане висока цената на омилениот тендераш “Маркоски компани”. Во оваа постапка, било утврдено дека наместо условите за исполнување на техничка и кадровска екипираност да бидат утврдени од РЕК Битола како договорен орган, тоа било оставено да го направи компанијата кога “преговарала”, во случајов Маркоски компани”.

Пример3: И во постапката за Ангажирање на услуги за помошна механизација за потребите на рударската оператива во РЕК Битола од 2022, утврдено е неосновано отфрлање на понудата на компанијата “Рубитон Битола” и бил склучен договор со “ДИГЕР ДОО Битола” за ангажирање на механизација во вредност од 1,4М€ и скучен анекс од 244.000€. На овој начин се анулирала конкуренцијата за да нема поповолни цени. Рубитон е истата фирма која во 2020 година го пријави тогашниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски во МВР дека и вршел вршел притисок да отстапат дел од договорот што го склучиле за ископ во РЕК Битола или во спротивно да му платат 250.000€ во готово.

Сите наоди ја потврдија јавната тајна истражена од многу новинари, дека во РЕК Битола се местеле тендери со цел душмански да се црпат милиони евра пари на граѓаните кои можеле да се употребат за набавка на противпожарни возила, обнова на болници или училишта. Останува да видиме дали овие ревизорски извештаи ќе ги прочита државниот јавен обвинител⁉️“.

На почеток