Коментари

Родители заработуваат на болница деца, собираат пари за здравје а одат на одмор и реновираат куќи, сведочи Лазаров

Докторот Ненад Лазаров, кој е еден од основачите на платформата за собирање донации „ECrowd.mk“, сведочи дека родители со пари собирани за здравјето на нивните деца, редновирале објекти и оделе на одмори.

„Гледам како родители заработуваат на своите болни деца. На одмори си одат со пари молени за здравјето на дете, си реновираат куќи, им остануваат пари “за не дај Боже” Зарем не ве плаши карма бе луѓе ? Застанавме како ECrowd.mk пред цела јавност со цел свој интегритет за да гарантираме и да направиме да е видливо дека секој денар ќе заврши каде што треба така и ќе продолжиме“, пишува Лазаров и додава:

„Ќе направиме се вакви криминалци од најдолен вид да нема повеќе! Апелирам повторно, немојте да донирате на лични сметки ниту денар, сега веќе нема потреба никаква од тоа!“.

To Top