Коментари

„Извини Коста, не знаевме дека дното е толку длабоко, грозно е!“, велешанец објави каде се чуваат книгите на Рацин

Велешанецот Игор Смилев тврди дека делата на Коста Солев-Рацин се чуваат во влажни подруми.

„Велес, подруми на Спортска сала ” Гемиџии”, лето 2024 ! Грозно е, понижувачки е, тажно е, Мизерно е Рацин да коравее во влажниите подруми на спортската сала “Гемиџии” . ‼️Немате право да го осудувате на ново заточеништво ! Извадете ги овие книги , едиција од ” Рацинови средби” и подарете ги на училиштата во Велес, на библиотеките низ Македонија!

Можеби вие не сфаќате, но има луѓе на кои еден од овие примероци би му бил вистинско богатство во домашната или училишната библиотека. Извини Коста, не знаевме дека дното е толку длабоко“, пошува Смилев.

На почеток