„Европа направи голема грешка, беше наивна за Русија“, вели чешки министер
„Европа направи голема грешка во однос на енергетските извори, беше наивна за Русија“. Ова го изјави министерот за индустрија на Чешка, Јозеф Сикела, алудирајќи на воведувањето санкции против Москва и претстојната транзиција од руски енергетски извори на други добавувачи.
„Покрај Русија, сушата во јужна Европа, проблемите со откажувањето на нуклеарните реактори во Франција се дополнителни фактори кои создаваат проблеми на енергетскиот пазар“, рече Сикела.
Вонредниот состанок на ЕУ за енергетиката на 9 септември ќе ги разгледа предлозите како ограничување на цената на гасот што се користи за производство на електрична енергија или интервенции за да се спречи колапс на пазарот, додаде чешкиот министер, пренесува Ројтерс.
Чешка, која го презеде шестмесечното претседавање со ЕУ, свика состанок на министрите на ЕУ за 9 септември со цел да се најде решение цела Европа да се справи со поскапувањето на енергенсите.