(ВИДЕО) Хаосот во Аеродром не запира, поплавени и паркирани возила
Во Аеродром се поплавени и паркирани возила на булеварот АВНОЈ, но и на споредни улици. Десетици коли се заглавени, а дел од нив и наполнети со вода. Улиците на овој дел од Скопје буквално пливаат во вода. Силниот град искрши и шофершајвни на возила во движење низ Скопје. Градот Скопје го свика кризниот штаб.
Најкритично со невремето беше во центарот на Скопје, како и во Аеродром и Кисела Вода. Поплавени се булевари, подвозници, но и автомобили. На булеварот „Јане Сандански“, дел од возачите ги оставиле своите возила среде улица, бидејќи се поплавиле и не можеле повеќе да управуваат со нив. Низ трговските центри, поплавени се дуќани. Таков е случајот со „Бисер“.
На булеварот Јане Сандански и натаму има оставени автомобили во вода, а нивните сопственици се повлекоа на страна. Поплавени се дури и пешачките патеки.