Северина се степа со сестра си, полицијата ја приведе, двете со модринки


Регионалната поп-ѕвезда Северина денеска беше уапсена на аеродромот во Загреб на барање на сплитската полиција. Како што објави „Jutarnji list“, причината за приведувањето е жестоката караница во домот на мајката на пејачката, каде што се тепала со сестра ѝ Маријана.
Според пријавата на сестра и Маријана, ноќта по полноќ Северина ѝ се нафрлила и двете крвнички се бореле и удирале по целиот стан каде живее мајка им. По тепачката, Маријана заминала во болница, каде што ѝ икажале лекарска помош оти имала лесни повреди.
Северина ја привеле по 12 часа од инцидентот. Веста за медиумите ја потврди нејзиниот адвокат Мате Матиќ. Според Матиќ и пејачката има повреди.
„Се чини дека и Северина има повреди, па и ние ќе поднесеме кривична пријава“, вели тој и додава дека не ја задржале долго во полиција.
Хрватските медиуми пишуваат дека Северина и порано имала проблеми со сстра си и дека никој не знае каде живеела во изминатите години.
