Скопје

(ВИДЕО) Скопјанец оди низ вода до коленици среде Скопје: Поздрав до Петренце и Данела од Северна Канализација

Скопјанец објави видеа од центарот на градот кој е поплавен. На видеата кои ги објави се забележува дека висината на водата е до колена.

„Северна Канализација парт 2
Поздрав до Град Скопје и Општина Центар!
Голем поздрав до бившиот градоначалник Петренце и секако сегашната градоначалничка Данела што на секој дожд ни овозможувате ваков несекојдневен авантуризам!
#скопјеградотужас
#севернаканализација“, стои во описот на објавените видеа.

На почеток