Коментари

(ФОТО) Скопјанец за пример: Секогаш ги отвора шахтите за време на поројни дождови, никој друг не мрда со прст

На социјалните мрежи вчера беа објавени фотографии од скопјанец, кој ги отвора шахтите.

Во објавата се вели дека неговото име е Зоки, а тој секогаш кога има поројни дождови ги отвора шахтите.

„Имам чест да го познавам. Се вика Зоки, и секогаш излегува да ги отвори шахтите при поројни дождови и ги затвора после повлекување на водата. Ниту еден друг негов сосед не мрда со прст“, стои во објавата.

На почеток