Македонија

Факултетот каде два дена има километарски редици за упис, пет години има зграда која нема кој да ја доизгради

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски објави фотографии од зградата на ФИНКИ во центарот на Скопје.

„ФИНКИ има своја зграда, онаа десно на сликата…
Проблем е што 5 години не е ставено шајка, како им беше оставена, така зјае цели 5 години…“, додава тој.

Инаку деновиве започнаа уписите на факултетите. Голем број матуранти се одлучија да се запишат на ФИНКИ каде ќе го продолжат своето образование. Факултетот на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографии од гужвите и редиците за упис на новите студенти.

 

На почеток