Скопје

(Фото) Студентите од ФИНКИ сосе професори порачаа: Немаме зграда, ќе учиме пред Влада

Студенти и професори од ФИНКИ излегоа на протест пред Влада. Поставија столчиња и порачаа „ФИНКИ нема зграда, учиме пред Влада“. Ова доаѓа откако со години, зградата во кругот на Универзитетот „св. Кирил и Методиј“ остана недоизградена. Се гради осум години.

„Борбата продолжува“, посочија организаторите.

Децидни се дека мора да добијат објект, бидејќи најголем дел од наставата тие ја следат онлајн. Се огласија и од Бирото за развој на образованието.

„Јавно порачуваме дека се залагаме да се изнајде соодветно решение за непречено одвивање на наставата на студентите на ФИНКИ и го поддржуваме факултетот во залагањата да обезбеди соодветни услови за настава и трајно да го реши просторниот проблем, наместо да бара „привремено“ решавање на проблемот во „привремените објекти“ на Бирото за развој на образованието, во кои нема услови за настава“, се вели во соопштението од Бирото.

На почеток