Невремето ја поплави тетовска Мала Речица

Од
Објавено на

Како последица од денешното невреме кое ја зафати територија на општина Тетово дојде до излевање на речното корито што поминува низ селото Мала Речица.
Голема количина на земја и песок се натрупани на коловозот на патот што поминува низ селото. Се интервенира од страна на ЈКП Тетово со 1 багер за расчистување на каналот.
Исто така интервенира и ТППЕ Тетово со 1 возило и 3 пожарникари за чистење од кал патниот правец Мала Речица-Тетово.
