Свет

Џентилони: „Брисел ќе работи на намалување на цената на руската нафта“

Европската комисија ќе контактира со земјите-членки на ЕУ за воведување на руски ограничувања на цената на нафтата на ниво на европскиот блок, согласно договорот на Групата седум (Г7), изјави денеска еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.

– Комисијата целосно ќе ја исполни својата улога во постигнувањето единство меѓу 27-те земји членки за спроведување на оваа мерка во ЕУ – рече Џентилони.

Тој додаде дека целта е тоа да се постигне во согласност со временската рамка договорена од ЕУ за шестиот пакет санкции – до 5 декември 2022 година за суровата нафта и до 5 февруари 2023 година за нафтените деривати.

Министрите за финансии на Г7 претходно се согласија да воведат ценовно ограничување за сурова нафта и нафтени деривати со потекло од Русија.

На почеток