Коментари

Најчевска до Ковачевски: Прашање е дали во Уставот да се внесе некој кој не ти го признава јазикот и не признава дека бил окупатор

Зборувајќи за евроинтеграциите на Северна Македонија и условот Бугарите да влезат во Уставот, премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Радио-телевизија Србија (РТС) вели дека е добро да влезат и други народи бидејќи нашата држава е Европа во мало. Во ЕУ, потенцира тој, има земји кои во своите устави имаат и по 25 делови од народи.

На оваа изјава реагираше професорката Мирјана Најчевска. Таа прашува која држава има устав со 25 народи.

„Прво, не се внесуваат во Уставот туку во Преамбулата на Уставот.
Второ, не се внесуваат затоа што некој те уценува туку затоа што има заемно препознавање и прифаќање.
Трето, се бара реципроцитет (фактички не формален).
И која држава има устав со 25 народи?
И во крајна линија навистина не е прашање дали да се внесе одредена етничка заедница во преамбулата или не.
Прашање е дали да се внесе некој кој не ти го признава јазикот, историјата посебноста и не признава дека во одреден историски период бил окупатор.
Мислам некако мазохистички ми делува“, вели Најчевска.

На почеток