Коментари

Граѓаните загрижени за Бислимовски: Тамам почна да се качува по скали на работа почна викенд, жртвата нема да биде заборавена

Регулаторната комисија за енергетика се придржува кон обврската за штедење на струја, рече денеска на прес конференција, првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски.

Тој пред новинарите објасни дека се штеди и на осветлување и на климатизација а рече дека не го користел ниту лифтот.

„Јас се качувам по скали а не со лифт. Имам и проблеми со тежината, сакам да намалам, па користам скали“ – рече Бислимовски.

На социјалните мрежи се пошегуваа дека веднаш се чувствува дека државата иде на подобро.

На почеток