Магазин

„Фестивал на книгата 2022“ во Арената Борис Трајковски

„Фестивал на книгата 2022“ ќе се одржи од 7. до 12. септември во Арената Борис Трајковски, на местото на поранешниот картинг.

„Издавачите се подготвени и овој пат да ги понудат своите најнови изданија и својата богата понуда со големи фестивалски попусти на Фестивалот за книгата 2022. Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца. И покрај купените книги, ќе имате можност да доживеете една поразлична атмосфера со добрата музика на неколку DJ-и, додека за закуска и пијалак ќе се погрижи Food & Drink cornerot каде ќе може да си земете храна и пиво“, велат организаторите.

„Фестивалот на книгата 2022“ ќе биде отворен од 10 часот до 20 часот и 30 минути.

Билетите ќе може да се набават на билетарите пред влезот по цена од 50 денари

To Top