Магазин

(ФОТО) Заврши петтото издание на фестивалот „Skopje light festival“

Заврши петтото издание на фестивалот на светлината „Skopje light festival 2022“, кој овој пат се одржа во Градскиот парк во Скопје. Пред посетителите се претставија над 10 уметници од Македонија

Организаторите велат дека со цел да одговорат на предизвиците на енергетската криза, а притоа да не се доведува во прашање одржувањето на фестивалот, бројот на фестивалски денови е намален на само два дена, додека сите инсталации и изведби се со ЛЕД осветлување и имаат минимална потрошувачка.

Фестивалот е во организација на Универзалната сала, додека е поддржан од Град Скопје и Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, како и други донатори.

На почеток