(ФОТО) Expose победи на 29 издание на Охрид фест
Со одржувањето на Интернационалната вечер заврши и 29 издание на Охрид фест.
Првата награда од стручното жири ја освои Expose со песната “This love will last forever”. Втората награда од жирито им припадна на дуетот Александар и Белма, додека третата на гостинката од Црна Гора, Моника Кнезовиќ.
На фестивалот беа доделени и други награди како награда за најдобар текст, која ја доби Борче Нечовски за композицијата “Твоја сум” во изведба на Мила. Наградата за најдобар аранжман ја освои Александар Масевски за “Close to the sun” во изведба на Андреа, додека награда за најдобра интерпретација и припадна на Марија – “Засекогаш Твоја”.
На 29-то издание на фестивалот се отпеаа 16 нови фолк песни, а првата награда од стручното жири ја освои Наум Петрески со песната ,,Не се откажав”. Второнаградени од жири се групата ,,Академци”, а пак на трето место заврши Кирил Белистојановски.