Магазин

Крис Рок ги сподели своите чувства за оскаровската шлаканица

Комичарот Крис Рок конечно ги сподели своите чувства за оскаровската шлаканица, инцидентот што ја засени овогодинешата церемонија кога Вил Смит (53) се качи на сцената и го удри Крис (57) поради шега на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.

Во текот на настап со колегата Дејв Шапел во Ливерпул на првата вечер од нивната заедничка турнеја, Дејв го праша Крис пред публиката: „Дали болеше?“, што го наведе Крис да извика: „Боже…така е…тој др*аџија ме удри поради шега – најубавата шега што некогаш сум ја кажал.“

„Вил цели 30 години оставаше впечаток на совршена личност, ја скина маската и ни покажа дека е грд како и сите нас,“ рече Крис.

„Какви и да се последиците… Се надевам дека повторно нема да ја стави маската и ќе го пушти своето вистинско лице да дише.“

Вил Смит упадна на сцената на доделувањето на „Оскарите“ на 27 март и го удри Крис откако комичарот ја спореди избричената глава на сопругата на Вил со таа на актерката Деми Мур во филмот „Џи Ај Џејн“ од 1997 година.

Оттогаш му е забранет пристап до „Оскарите“.

Две недели по инцидентот, Академијата за филмски уметности и науки соопшти дека му забранува на Смит да присуствува на какви било настани на Акдемијата, вклучително и на „Оскарите“ во наредните 10 години.

На почеток