Владата со посебен услов за туристите во Венеција
Властите во романтичната Венеција прават се за да ги зачуваат и остават недопрени познатите канали, улици и плоштади, а сега имаат малку необично барање за туристи.
Владата сега има посебен услов за туристите да помогнат во намалувањето на загадувањето со пиење вода од јавните чешми лоцирани низ целиот град наместо да користат пластични шишиња со вода.
Градските власти започнаа локална маркетинг кампања за да го рекламираат барањето до милионите посетители кои секоја година доаѓаат во Венеција.
Колку и да значат туристите за Венеција и нејзината економија, особено по две тешки години поради пандемијата на коронавирус, овој италијански град сепак сака да ги држи туристите „под контрола“.
Веќе е најавен план од почетокот на 2023 година да почне да се наплаќа влезници од дневните посетители со цел да се спречи масовниот туризам. И сега бараат туристите да им помогнат со намера да го намалат загадувањето низ градот.
За да им помогнат на туристите со нивното последно барање, градските власти во Венеција почнаа да издаваат мапи на јавни фонтани, особено во историскиот центар околу плоштадот Свети Марко.
Во областа има 126 јавни чешми за вода кои се безбедни за пиење, така што туристите сепак ќе можат да ја изгаснат жедта и нема да мора да фрлаат пластични шишиња на улица.