Амбасадите на Италија и Грција во Киев привремено ја прекинуваат работата
И италијанската и грчката амбасада во Киев привремено ја прекинуваат работата поради разузнавачки информации кои укажуваат на голем руски напад.
„Американската амбасада на својата веб-страница објави информации за можен воздушен напад со висок интензитет денеска, 20 ноември. Како мерка на претпазливост, Амбасадата во Киев денеска ќе биде затворена за посетители“, соопштија од италијанската амбасада.
Грчката амбасада во своето соопштение ја повика јавноста да избегнува непотребни патувања и да остане на безбедни локации.
„Од безбедносни причини, грчката амбасада денеска ќе остане затворена за посетители“, соопшти дипломатската мисија.
Претходно, САД ги советуваа своите граѓани во Украина да бидат крајно претпазливи поради опасноста од потенцијален руски воздушен напад.