„ЕВН си краде и гајле си нема“, граѓаните револтирани од сметките, некои денови се плаќаат по два пати


Граѓани се жалат дека струјата за одредени денови се наплаќа по два пати. Скопјанец објави две сметки за струја, една за периодот од 23 јуни до 21 јули, а втората за периодот од 16 јули до 22 август.
Како што можете да забележите, деновите од 16 до 21 јули се јавуваат во двете сметки, па едни исти потрошени киловати два пати му се наплатени.
Ова тој го оквалификувал со еден збор – КРАЖБА.
Како Бомбона Бизнисот на @Sekerinska ЕВН си краде и гајле си нема.
И за ова се виновни ВМРО и Мицкоски, така Тачка @DKovachevski?
Седете сега мирни граЏани, и пак правете хехенца. pic.twitter.com/bg3XIBCLzV— Фортификација (@Fortiifikacija) September 6, 2022
Друг се пожали дека на неговите две сметки, ЕВН наплатиле дупло за три дена.
„Ајде ова некој нека го објасни, две фактури за ист саат ама едната завршува на 21.07 а другата почнува од 19.07 што во превод значи дека ЕВН наплаќаат дупло за 3 дена. Пак ќе прашам, оној крмакон од РКЕ работи ли нешто или само ќе лапа у кафани?“, стои во објавата.
Ајде ова некој нека го објасни, две фактури за ист саат ама едната завршува на 21.07 а другата почнува од 19.07 што во превод значи дека ЕВН наплаќаат дупло за 3 дена.
Пак ќе прашам, оној крмакон од РКЕ работи ли нешто или само ќе лапа у кафани? pic.twitter.com/JukP6GG4fy— Dimko (@ddimkooooo) September 6, 2022
ЕВН по 5 дена секој месец ги краде граѓаните. Апашишта. pic.twitter.com/UCFObwFuVk
— Македонска Фаланга (@MakFalanga) September 5, 2022
Но освен за дуполото наплаќање, граѓаните се бунат и за ставката „дистрибуција на електрична енергија“.
„Како е можно ЕВН да прави вакви наплати за дистрибуција? Во Јуни потрошена струја 639 денари, дистрибуција за истата 340 денари. Во Јули потрошена струја 439 денари, дистрибуција за истата 628“, вели друг револтиран граѓанин.
Како е можно ЕВН да прави вакви наплати за дистрибуција?
Во Јуни потрошена струја 639 денари, дистрибуција за истата 340 денари.
Во Јули потрошена струја 439 денари, дистрибуција за истата 628.
Има некој нормален во влада да преземе нешто за заштита на чесниот граѓанин. pic.twitter.com/Niic2oKyfW
— Zoran (@ZJG7777) September 6, 2022
