Додека државата го гони, народот го брани докторот кој пуштил роднини во модуларната болница која изгоре сосе пациенти
Вчера во Тетово започна судењето за пожарот во модуларната болница, во кој загинаа 14 лица.
На судењето се појави само ексдиректорот на болницата Флорин Бесими кој изјави дека не се чувствува виновен, а тоа ќе го каже во судот со докази. Во случајот обвинети се и дежурниот доктор на смена Бобан Вучевски и тогашнот економски директор во тетовската болница, Артан Етеми, кој отсуствуваше поради работни обврски.
Граѓаните денес на социјалните мрежи му дадоа поддршка на д-р Бобан Вучевски. Велат дека тој бил светла точка и надеж во Клиничката болница за време на корона кризата.
ПРАВДА‼️
За Др.Бобан Вучевски од Тетово‼️— Гуру де Коркаш™ (@bejbiboy2) September 7, 2022
СДС и ДУИ утврдиле дека единствениот доктор Македонец во модуларната болница во Тетово Д-р Бобан Вучевски треба да се гони кривично за пожарот. Заев, Филипче, Анѓушев и Груби прават местенки и газат по туѓи животи само за да не одговараат‼️⚠️
— Рејмонд Редингтон (@Redington_M5) September 7, 2022
Подршка за доктор Бобан кој беше светла точка и надеж во Клиничката болница во Тетово за време на корона кризата💪🙏. Спаси многу човечки животи, излекува многу ковид болни пациенти.
БРУКА !!!!!!!!!!
Да се обвини како виновен за модуларната болница ни крив ни должен.
СРАМОТА!!!— Карпа (@Karpa_1904) September 7, 2022
Не ми е јасно како може во случајот со модуларната болница да го обвинат докторот, кога главната причина за пожарот треба да се бара во квалитетот на градбата, инсталацијата и дозволата за работа на самиот објект ?!
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) September 7, 2022
Зошто Др.Бобан Вучевски е обвинет за горењето на модуларната болница ?
А ЗоЌЕ, Филипче и Анѓушев не се ?
Зошто никој од ДУИ ?
Твитер заедницо ајде да ги најдеме вистинските виновници pic.twitter.com/y8UxZbChBY— Moon Pearl (@roze_______) September 7, 2022
Распрашај се кој беше до болните цело време. Не викам дека други н биле, ама Бобан беше на располагање секогаш.
— Карпа (@Karpa_1904) September 7, 2022