Свет

Остри мерки во Италија: Следат казни до 3.000 евра за прегреани станови

Според извештајот на дневниот весник „Ил Месаџеро“, италијанската влада наскоро би можела да преземе навистина остри мерки.

Управата веќе во март нареди становите и јавните згради да се греат само до 18 степени.

„Дури и 2.500 евра казна – затоа што во дневната соба била претопло неколку степени? Она што пред неколку години би се сметало за апсолутна глупост може да стане реалност во Италија оваа зима“, пренесува Пословни дневник.

Според италијанските медиуми, тој наскоро би можел да се примени и во целата земја на сличен начин: Италијанците можат да ги загреат своите станови до максимум 19 степени, степен повисоко од сегашното правило.

Грејната сезона се одложува за 15 дена, што би можело да значи дека греењето ќе биде дозволено дури од ноември.

Овие мерки би можеле да заштедат од три до шест милијарди кубни метри гас.

Според шпекулациите во италијанските медиуми, оние кои не ги почитуваат правилата би можеле да платат казна помеѓу 516 и 2.582 евра. Но, ако владата се повика на Законот на ЕУ за енергетска ефикасност на зградите од 2005 година, работите би можеле да се влошат, па несоодветното одржување на системот за греење може да предизвика казна до 3.000 евра.

Сепак, се уште не е јасно кој ќе биде одговорен за контрола на топлината во италијанските станови и куќи во иднина. Во моментов се чини дека оваа одговорност може да се префрли на општините. А дали општините имаат капацитет за тоа е под знак прашалник.

На почеток