Коментари

„Македонија го живее најлошиот сон од нејзиното постоење, таа е држава со насилно променето име, оспорен јазик, идентитет и историја“, вели Јаулески

Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека Македонија го живее најлошиот сон од нејзиното постоење.

„Република Македонија денес ја слави својата независност.

Македонија со оваа власт денес го живее најлошиот сон од нејзиното постоење. Македонија е држава со насилно променето име, оспорен јазик, идентитет и историја, но нашата борба за Македонија и исправување на грешките не престанува и тука не завршува.

Република Македонија е нашиот мотив за борба, во неа е вгнезден и нашиот ген, македонскиот идентитет, македонскиот јазик, таа е нашата водилка да се избориме за вековниот стремеж на македонскиот народ за своја држава.
Нека е вечна самостојна, суверена и независна Република Македонија“, вели тој.

На почеток