Се бараат откази за пола администрација: Ем ќе де заштеди, ем нема да има разлика
Предлог мерката на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) јавниот сектор да работи два часа помалку наиде на жесток одговор од граѓаните.
Бурни реакции откако КСС предложи административците да работат од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, со цел заштеда на електрична енергија.
Граѓаните се револтирани, велат дека половина од администрацијата требало да се отпушти, оти секако нема да се осети разлика кај корисниците на услуги.
Ќе работи во петок јавна администрација или ќе штеди државава па не мора да одат на работа ?
— Moon Pearl (@roze_______) September 7, 2022
У државна администрација ќе ги вратиле машините за куцање пошто не трошеле струја pic.twitter.com/2HpG83trsW
— Wubalubadubdub (@seirdotmk) September 7, 2022
Солитер ќе страда ради меркава 🙁 pic.twitter.com/wTHgoE2utW
— Владимир (@VampoTheOne) September 5, 2022
Не знаев дека администрацијата работи на струја.
— Man (@goranman2) September 5, 2022
Администрацијата наместо да не работата осум саати сакат да не работат шест саати.
За мене ова е океј.— Чернобил '86 (@GLASche____) September 5, 2022
Исклучете ги ич да не работии администрацијата и така и така зимаат плата 🥲 pic.twitter.com/XtIkQY0mYC
— 🇩🇪 џерманче у покушај (@makedoncebato) September 7, 2022
Ми се чини што и да се деси ја пуштаат администрацијата да одмори https://t.co/6bpc2GtHc6
— Скрачи (@Skraci) September 5, 2022
а зошто јавниот сектор и јавна администрација не спојат до божиќ и сите ќе сме раат?!?!
— Kalin Babusku (@kalinbabusku) September 6, 2022
Роди ме мајко без к'смет и фрли ме во администрација.
— Филип Инженерчето (@Inzenerche) September 6, 2022
Да се даде отказ на пола администрација, многу поголема заштеда.
Корисниците на услугите и нема да осетат разлика. https://t.co/cVmlmZ7NoJ— Bozidar Spirovski (@spirovskib) September 6, 2022
А да ги викнеме овие од јавна администрација да доработат 2 саата у приватен сектор да видат како е?
— Антон (@antooonij) September 5, 2022
Ја искрено не би приметила ни да не иде администрација уопште на работа.
— Сербез Загорка (@PravednaTavita) September 5, 2022
Колку беа пред времето оние што земаа плата а не се појавуваа во Јавна администрација!
Уш малце не само намалено работно време туку ич нема да одат на работа за да штедат струја.— Jas (@BrlaBrla) September 5, 2022