Свет

Русија прогласи за персона нон грата вработен во романската амбасада во Москва

Русија прогласи за персона нон грата вработен во романската амбасада во Москва, како одговор на протерувањето на руски дипломат од амбасадата во Букурешт.

Како што е објавено денеска на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи, во Министерството за надворешни работи на Русија е поканет вршителот на службена должност на Романија во Русија, Космин Константин Јонита, каде му била врачена нота во која се декларира вработениот во романската амбасада во Москва за персона нон грата, пренесува РИА Новости.

Таа мерка, се додава, е „одговор на претходната неиспровоцирана одлука на романската страна да прогласи персона нон грата дипломат на руската амбасада во Букурешт“.

На почеток