Актуелно

(ВИДЕО) Објавено видео од моментот кога Зеленски му соопшти на Макрон дека започнала инвазијата на Украина

На социјалните мрежи е објавена снимка од разговорот меѓу украинскиот и францускиот претседател на 24 февруари, односно денот кога започна војната во Украина.

Тоа е дел од документарниот филм „Еден претседател, Европа и војна“ што беше емитуван на француската телевизија на 30 јуни, а на видеото можете да го видите Емануел Макрон како разговара со Володимир Зеленски преку видео повик, видно загрижен за тоа што го слуша, пренесува Еуроњуз Србија.

„Сакате да ми кажете дека испратија специјални сили низ Киев“, Макрон го прашува Зеленски.

“Насекаде. Во Киев, Одеса, од Белорусија. Се бориме во цела земја. Ова не можевме да го замислиме, не е како во 2014 година. Тоа е многу поголема инвазија”, одговори украинскиот претседател, на што Макрон му рече:

„Значи, зборуваме за тотална војна?“.

Зеленски му рекол на Макрон дека е неопходно што поскоро да се разговара со рускиот лидер Владимир Путин.

„Емануел, мислам дека најважно е да разговараме со Путин и да формираме сојуз против војната. Сигурни сме дека европскиот лидер и Бајден можат да се обединат, да го повикаат и да му кажат „Стоп“. Тој ќе те сослуша“, рече Зеленски.

На почеток