Свет

Силен земјотрес во Индонезија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Папуа во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на околу 262 километри североисточно од Биак, Индонезија и на длабочина од 10 километри, додава EMSC.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета, јавува Ројтерс.

На почеток