Британците ја сменија националната химна по смртта на кралицата
Собраните во катедралата Свети Павле во Лондон за првпат по смртта на кралицата Елизабета Втора ја пееја изменетата национална химна на Обединетото Кралство.
Со смртта на кралицата и новото владеење на кралот Чарлс Трети, зборовите на националната химна веднаш беа сменети од „Боже чувај ја кралицата“ во „Боже чувај го кралот“, јавува Би-би-си.
Химната беше интонирана по богослужбата одржана во катедралата во спомен на покојната кралица.
Тие зборови последен пат биле испеани во 1952 година, кога биле сменети во „кралица“ по смртта на кралот Џорџ Шести и крунисувањето на кралицата Елизабета. Со нов крал и машки престолонаследник, а тоа е принцот Вилијам, химната веројатно ќе остане „Господе чувај го кралот“ во иднина.
Нема официјален автор на химната „Боже чувај го кралот“, но се чини дека песната датира од 18 век. Една од најраните снимени изведби на оваа песна била дадена од Томас Арне во Кралскиот театар во 1745 година, кога Јакобит „млад претендент“ на британскиот трон се претстави принцот Чарлс Едвард Стјуарт, кој се нарекуваше Чарлс III.
Претходно денеска, во своето прво обраќање до нацијата како владејачки монарх на Велика Британија, по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета, Чарлс Трети рече дека ќе му служи на народот на Обединетото Кралство доживотно и ќе ги поддржува уставните принципи како суштина на нацијата со почит, лојалност и љубов.
– Како што и самата кралица направи со таква непоколеблива лојалност, сега свечено се обврзувам дека во преостанатото време што ми го дава Бог, ќе ги држам уставните принципи во срцето на нашата нација – рече кралот.