Драма во пресрет на смртта на кралицата, Чарлс: „Меган не е добредојдена“
Како што пренесуваат британските медиуми, во пресрет на смртта на кралицата Елизабета Втора дошло до мала драма, а главни актери биле војводата и војвотката од Сасекс.
Кралот Чарлс му рекол на принцот Хари да не ја носи неговата сопруга Меган Маркл во замокот Балморал, додека тој и другите членови на кралското семејство патуваат да бидат покрај кралицата Елизабета во нејзините последни моменти, пишува Дејли мејл.
И покрај несогласувањата во последните години, принцот Хари отсекогаш бил посветен на својата баба и имале топол однос.
Според The Sun, принцот Хари бил во Фрогмор кога добил повик од неговиот татко, кралот Чарлс III, кој го замолил да не ја носи Меган во Шкотска.
„Чарлс му кажа на Хари дека не е соодветно Меган да биде во Балморал во време на голема тага“, изјави извор за Сан.
„Нему му беше кажано дека ниту Кејт нема да оди и дека посетата ќе биде ограничена само на членовите на потесното семејство“, рече изворот, додавајќи: „Чарлс јасно стави до знаење дека Меган не е добредојдена“.
Дејли Мејл шпекулира што навистина се случило во оваа прилика. Додека едни тврдат дека Хари и Меган не знаеле дека и Кејт нема да биде во Балморал, па се согласиле со одлуката Меган да не оди ниту во замокот, други велат дека нејзиното присуство било буквално забрането, тврдејќи дека доколку не беше Кејт Мидлтон, таа немаше да биде таму.
Некои медиуми објавија дека на Хари не му било дозволено да се качи во авионот со кој Вилијам, Едвард и Ендру ги однесе во Балморал, пишува Мирор.
Да потсетиме дека принцот Хари не успеа да се збогува со кралицата Елизабета Втора, туку пристигна во Балморал неколку часа откако кралицата почина.