Хакери ја нападнаа страницата на министерство за образование

Од
Објавено на

Во моментов интернет страницата на Министерството за образование и наука не се отвора. Претходно, наводно врз страницата бил извршен хакерски напад. Како што објави порталот Република, оставен бил потпис од хакерски тим кој се претставил дека е грчки, односно пишувало ,,Хакирано од грчкиот хакерски тим ,,Netwatchers”.
Ова не е прв напад врз македонска државна инсгтитуција, последниот беше врз Народната банка, од каде тогаш и детално информираа за нападот и објаснија дека хакерите не дошле до податоците и средствата, туку успеале да ја забават работата на интернет страницата со организирани илјадници влезови во сајтот во ист момент.
фото: МКД.мк
