🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Јаневска: Ги повикувам сите да се вклучат во јавната расправа за промените во гимназиското образование, имаме една година за нивно усвојување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
1-4

Подобро образование во оваа земја мора да има, без оглед кој ќе се вклучи или нема да се вклучи во креирањето на промените. Затоа што нашите деца тоа го заслужуваат. Но, јас ги повикувам сите, да дадат свој придонес. Го повикувам и СДСМ и сите други партии да учествуваат во изработка на концепцијата за гимназиското образование. Никаде не брзаме, ништо не е дефинитивно одлучено, имаме една година време за да ја донесеме новата концепција, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање.

— реклама —

„Драфт верзијата на Концепцијата е на јавна расправа. Добивме многу забелешки, ако ги исполниме сите барања, гимназијалците ќе имаат предмети за да останат на училиште по 10-11 часа“, појасни Јаневска.

Во дијалог и транспарентно, со разговор со сите што сакаат да придонесат за поквалитетно образование, а не со декрети како порано, ќе биде финализирана и донесена новата концепција за гимназиско образование, потврди министерката Јаневска.

— реклама —

„Прашањето на концепцијата овде го затворам, продолжува јавната расправа. Ние, како МОН, ќе се придвижиме, ќе ги посетиме, ќе ги слушнеме, ќе поразговараме со нив, но не е нешто што е дефинитивно одлучено. Јас тоа постојано го повторувам. Веројатно подучени од претходните власти, каде со декрети им се носеа одлуки, луѓето се исплашени. Но затоа тие сега веќе не се на власт. Сега има нова Влада која сака во дијалог и транспарентно да го сработи тоа што треба да се сработи“, рече министерката, додавајќи дека министерството има премногу обврски и запоставени нешта кои треба да се надоместат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

manu

МОН: Повеќе од 12 милиони евра од буџетот за науката во Македонија

Македонија | пред 1 месец

seizmograf

Македонија може да остане без 13 сеизмолошки станици, МОН најавува можно решение преку научен проект

Македонија | пред 4 месеци

vesna-janevska

Се проширува инклузивноста во образованието: Од новата учебна година, образовни асистенти и во средните училишта

Македонија | пред 4 месеци

8

Јаневска: Следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем е воведување на вештачката интелигенција

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања