Магазин

(ФОТО) Родени во ист ден: Северина и оддаде почит на кралицата

Штом веста за смртта на кралицата Елизабета Втора го обиколи светот, познатите личности почнаа да се збогуваат со неа на социјалните мрежи.

Меѓу нив беше и пејачката Северина Вучковиќ која, како што малкумина знаат, е родена на ист ден со починатата кралица, 21 април.

Смртта на кралицата многу ја растажи, па со објава на Инстаграм и оддаде почит на кралицата Елизабета Втора.

„Изјавувам пред сите вас дека целиот мој живот, без разлика дали е долг или краток, ќе биде посветен на вашата служба…“ Нејзиното Височество Кралицата“, напиша Северина.

На почеток