Емили Ратајковски поднесе барање за развод
Два месеци откако јавноста дозна дека се разделуваат, Емили Ратајковски (31) поднесе барање за развод од Себастијан Бур МекКлерд (41).
Емили и Себастијан се венчаа во 2018 година, а по четири години брак решија да се разделат.
Кога пред два месеци беше објавена веста дека раскинуваат, странските медиуми шпекулираа дека се работи за измама.
“Да, тој изневерил. Тој е сериски измамник. Одвратно е”, рекол тогаш пријател на манекенката.
„Емили е навистина вознемирена поради нивниот син, но се обидува да продолжи напред и да остане позитивна“, изјави извор за E!News во јули.
Според Page Six, Емили поднела барање за развод во четвртокот во Врховниот суд на Менхетен.