Магазин

(ВИДЕО) Сред емисија во живо отвори шампањ и објави за смртта на кралицата

Водител во Аргентина отвори шампањ во емисија во живо кога најави дека кралицата повеќе не е со нив.

Сантијаго Кунео, покрај шампањот, јадеше и сендвич, а на крајот на емисијата објави и непримерна порака дека кралицата починала.

Додека политичарите и лидерите во светот испраќаа сочувство до британското кралско семејство, а новинарите од светот и оддаваа почит, Кунео ја објави веста за смртта на кралицата Елизабета Втора со зборовите: „Старата кретенка е мртва. Силен аплауз за сатаната, кој, конечно, ја зеде“.

Контроверзната најава на аргентинскиот новинар бргу се рашири во Аргентина, а хаштагот #Cuneoalmediodia почна да се појавува и на „Твитер“. Многумина се шегуваа дека бил најстудениот Аргентинец и дека веќе некое време се подготвувал со шампањот за оваа пригода.

„Кој би рекол дека има подготвен шампањ во фрижидерот, патриот. Кунео го претставува просечниот Аргентинец во денешницата. Ако во Аргентина има ирски пабови, таму прославата ќе биде интензивна“, му коментирале некои од фановите.

Имаше и такви што го критикуваа и дека имал лош вкус.

„Јас сум Аргентинец и овој човек мене не ме претставува. Жал ми е за овој губитник“, му порачаа тие.

За потсетување, Аргентина и Британија водеа војна за Фокландските Острови во 1982 година. На крајот Аргентина изгуби.

На почеток