407 евра од ноќ: Кралицата го изнајмувала имотот преку Airbnb
Британската кралица Елизабета нудела куќа за изнајмување. Познато е дека има повеќе имоти, па за нејзиниот приватен имот во Сандрингам имало понуда за издавање на Airbnb.
Куќата претходно била дом на главниот градинар на нејзиното височество, на имот во областа Норфолк, каде членовите на кралското семејство го поминувале Божиќ, пишува „Дејли мејл“.
Во огласот е наведено дека објектот има два ката, може да прими осум гости и содржи мебел и уметнички дела во сопственост на кралското семејство.
Цените се различни, но понудата била 354 фунти (407 евра) за ноќ, следниот февруари, а најмалку може да се резервираат три ноќевања“, пренесува „Дејли мејл“.
Огласот се појави само една недела откако сега починатата кралица објави дека туристите ќе можат да го посетат нејзиниот имот Балморал во Шкотска по намалени цени, поради кризата што ја зафати Британија, пишува британскиот весник.