Точеле алкохол на малолетници, полициска акција во Битола
На 09/10.09.2022 во периодот од 22.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Битола-ОКП Битола при вршење на акциска контрола според планот „Безбедно лето 2022 “ во повеќе угостителски објекти, обиколка на школски дворови, паркови, паркинг простори, игралишта во Битола, затекнале малолетници кои се послужени со алкохолни пијалаци и кај кои било утврдено присуство на алкохол.
Имено, на 09.09.2022 во 22.45 часот при контрола во угостителски објект на ул.”Широк Сокак” биле затекнати три малолетни лица послужени со алкохолни пијалаци, поради што против угостителите ќе следува пријава по чл.204 од Кривичниот законик. Исто така, на 10.09. 2022 во 01.00 часот во продажен објект на ул.”Широк Сокак” управител и вработено лице послужиле тројца малолетници со алкохол. Малолетниците во присуство на претставник од Центарот за социјална работа се предадени на родителите. Против правните лица следуваат соодветни пријави.