Свет

Вучиќ за Прајд: 96 часа претходно – МУП ќе донесе одлука

Претседателот на Србија Александар Вучиќ при своето денешно обраќање се осврна на можното одржување на Прајд во Србија.

Тој рече дека МУП ќе донесе одлука 96 часа пред одредениот датум.

„Согласно Уставот на Србија, согласно законите, донесување одлука за евентуално забрана на собири на отворен простор, а по анализата што ја направивме, МУП ќе донесе одлука четири дена пред Прајд, а потоа организаторите имаат право да донесат одлука. Нема да си играме и да се потсмеваме со нашите граѓани, да измислуваме глупости, да забрануваме поради сипаници, да понижуваме луѓе… Загрижени сме за безбедносната состојба во која се наоѓаат земјите и не ги разбирам тие кои од една тема направија крстоносна војна, претпоставувам затоа што не можат да зборуваат за ништо – рече Вучиќ.

„Бидејќи не сакаме да видиме никакви конфликти, може да има поголеми нарушувања во кои нашата сила би требало да биде поголема, а тоа се работи што можеме да ги избегнеме. Овие луѓе можат да се собираат на разни конференции, да пеат, да играат, а за се останато, МВР на Србија навреме ќе ги информира нив и граѓаните на Србија“, рече Вучиќ.

На новинарско прашање да го коментира ставот на Српската православна црква, Вучиќ рече дека разговарал со патријархот Порфири и дека добил писмо од него.

„Мислам дека нема лош однос кон никого. Ја почитувам Српската православна црква. Што се однесува до „злото“ – да мислев на Ана Брнабиќ, да беше злобна, немаше да биде тука. Мислам дека е прекрасна, способна жена“, рече тој.

Тој исто така додаде дека има „една прекрасна жена која е геј“ во неговото пошироко семејство.

„И не би ја сменил за друга и не мислам дека е зло. Многу од моите соработници се хомосексуалци и што сега – не треба да работат, да не ја прифаќам нивната поддршка?“.

Тој исто така истакна дека не сака паради и никогаш не би отишол на нив.

„Да ме прашаа за совет, ќе им кажев да се занимаваат со наследните прашања, посетите во болниците… Избраа парадирање, мислат дека им е важно“, нагласи Вучиќ и додаде дека проблемот е што дел од народот не ја чувствува државата како своја и нема љубов кон државата.

На почеток