Професорка со предлог како да се зачува јазикот и да добиеме пописмени решенија, пресуди и соопштенија
Ана Павловска Данева, професорка од правниот факултет “Јустинијан Први”, на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека потребно е да се донесе Закон за македонскиот јазик и да се пропише обврска секој јавен орган да има вработен лектор.
„Македонски јазик и книжевност одлучиле да студираат само 16 студенти. Бројот на заинтересирани за овие студии паѓа од година в година. Чаре?
Донесете Закон за македонскиот јазик и пропишете обврска во секој јавен орган да има вработен лектор!
Така ќе се даде придонес во зачувување на јазикот, а истовремено ќе добиеме пописмени решенија, пресуди, извештаи, соопштенија за јавност, дописи, уверенија, потврди итн“, стои во објавата.