„Не им е одмилен јазикот, туку системот, образованието ќе иде у к*рац, а младите у странство“, вели Апасиев
Од
Објавено на
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека на младите не им е одмилен македонскиот јазик, туку системот.
„На Филолошки на УКИМ, се запишале само 12 студенти на Македонистика!?
Не. Не им е одмилен јазикот, туку СИСТЕМОТ! Еве ќе ви кажам личен пример: сестра ми дипломираше македонска книжевност пред скоро 20 години, кога студираа по околу 120 студенти во една група. И знаете колку стаж има на струка? = 0 часови (со букви: НУЛА). А знаете оти? Оти нема членска од СДС-ДПМНЕ.
Наравоучение: Се’ додека ги бирате професорите на општински комитети, наместо на конкурси – образованието ќе иде у курац, а младите у странство“, вели Апасиев.