Свет

Зеленски: Од почетокот на септември ослободивме околу 2.000 квадратни километри од нашата територија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање рече дека украинската армија ослободила повеќе од 2.000 квадратни километри окупирана територија од почетокот на контранападот овој месец.

„Во овој момент можам да потврдам дека благодарение на акциите на украинската армија од почетокот на септември се ослободени околу 2.000 квадратни километри од нашата територија“, рече Зеленски.

Тој особено им се заблагодари на единиците на украинската армија кои, како што рече, „се истакнале во регионот Харков“ и на оние кои „ја вратиле целосната контрола над градот Балаклија“.

Претходно Русија најави повлекување на своите сили од регионот. Зеленски повлекувањето на руската армија го нарече добра одлука.

„Нема и нема да има место за окупатори во Украина“, рече тој.

На почеток