Зеленски: Да почнеме што поскоро да ја снабдуваме Полска со струја
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, нареди испораката на електрична енергија во Полска од украинската нуклеарна централа Хмелницки да започне што е можно поскоро.
„Дадов наредба да се забрза реконструкцијата на далноводот од електраната Хмелницки до полскиот град Жешов. Треба да ја завршиме реконструкцијата до 8 декември и да и обезбедиме на Полска доволно количество електрична енергија“, рече Зеленски, пренесе ТАСС.
Тој додаде дека испораката на електрична енергија во Полска е можна доколку Киев има „нормална контрола“ над нуклеарната централа Запорожје, која ја држат руските сили.
Ова прашање го решаваме на меѓународен план“, истакна Зеленски.