Свет

Во Германија зголемен бројот на банкротирани фирми

Во Германија во август се зголеми бројот на банкротирани фирми, по двомесечен тренд на намалување.

Статистичарите соопштија дека сопствениците поднеле 6,6 отсто повеќе барања за стечај отколку во јули.

„По долг период на ниска несолвентност, сега има пресврт“, објасни минатата недела истражувачот на ИВХ, Штефен Милер. Главните причини се наглите поскапувања, особено на енергенсите и проблемите во синџирите на снабдување.

Сепак, нема индикации за бран банкротства. За шест месеци, окружните судови пријавија 7.113 корпоративни несолвентности, што е четири отсто помалку од една година порано.

Судовите ги проценуваат веројатните побарувања на доверителите на нешто помалку од 8,2 милијарди евра. Во првата половина од 2021 година тие беа значително повисоки, околу 31,8 милијарди евра, бидејќи имаше повеќе поголеми случаи.

На почеток